Makedonski
Telekom AD

Никола Љушев
генерален извршен директор на Македонски Телеком

Како водечка иновативна компанија, нашата задача е да одговориме на еколошките предизвици на нашето време со нашата најголема предност - технологијата. Дигиталните решенија го подобруваат квалитетот на животот и го прават животот во градот поодржлив со намалување на потрошувачката на енергија, загадувањето со светлина и бучава и емисиите на CO2.  Работиме одлучно за да ја постигнеме нашата цел, а тоа е користење на технологијата за придобивки на општеството како целина. Од оваа причина, услугите во облак и решенијата за паметни градови се во фокусот на нашето портфолио.   

Во изминатата година бевме во можност да им помогнеме на многу општини во главниот град Скопје со нашите иновативни и напредни решенија за паметен град за да се загарантираат поздрави услови во животната средина преку намалување на емисиите на  CO2 и ефикасно користење на ресурсите.  Веќе воведовме паметно осветлување во четири мали заедници и имплементиравме целосни решенија за паметен град во главниот град Скопје. Сакаме да ги овозможиме овие придобивки во многу други заедници.

Го подобруваме управувањето со енергијата во нашите капацитети и поставивме јасно дефинирани гранични вредности за возниот парк на нашата компанија во однос на емисиите на CO2. Фокусот на нашите инвестиции е снабдување со енергија од обновливи извори. Затоа продолжуваме да го снабдуваме нашиот најголем центар за податоци со струја од соларните панели инсталирани на центарот. На тој начин придонесуваме кон општество со ниско јаглеродно загадување и го подобруваме квалитетот на животот за сите. 

Надминување на дигиталниот јаз беше една од главните грижи на Македонски Телеком веќе многу години. Се стремиме за дигитална инклузија на сите во дигитализираното општество. Затоа работиме неуморно за да создадеме услови за подобар свет. Го промовираме развојот на дигитални услуги за инклузија на луѓето со попреченост. Благодарение на нашата вклученост во глобалните иницијативи, им овозможуваме на младите нов развоен потенцијал и гарантираме поинклузивно и поотворено дигитално општество во кое креативноста има највисок приоритет.

Горди сме многу на наградата што ја прими Македонски Телеком за „Најдобра стратегија за одржлив развој за 2021 година“ за својата општествно одговорна практика. Наградата беше претставен од граѓанското здружение Конект во партнерство со Global Compact Network на Обединетите Нации во Северна Македонија и ги потврди нашите тековни напори за користење на технологијата за целите на подобрување на општеството за сите. 

Исто така, многу сме горди на светското признание што го добиваат нашите иноватори во проектното партнерство меѓу Фондацијата Телеком за Македонија и UNICEF. Тимот за eBionics беше прогласен за севкупен победник на меѓународниот натпревар за млади Generation Unlimited во Њујорк. 180 тимови од 36 земји низ светот учествуваа во натпреварот. Учеството на нашиот тим во категоријата за помлади од 18 години со „Раката на Венера“ резултираше со победа. Се работеше за бионичка рака наменета за луѓе со оштетени горни екстремитети изработена со 3D-печатач.

Со исполнувањето на нашата мисија да ги поврзуваме луѓето едни со други, иницираме позитивна промена и им овозможуваме на сите да учествуваат во можностите што ги нуди модерниот свет. Ја прифаќаме оваа одговорност безусловно.

 

Краток преглед: најважните факти

Пазари, деловни области и удел на пазарот

 
  • 49,8 проценти учество во областа на широкопојасен интернет
  • Повеќе од 50 проценти на пазарот за мобилни уреди
  • 34,4 проценти удел на ТВ-пазарот
  • 60 проценти удел на пазарот во споредба со главните конкуренти (вкупна продажба на компанијата)

Број на клиенти

 
  • Фиксна телефонија: 223.600
  • Широкопојасен интернет: 218.400
  • Телевизија преку интернет-протокол (IPTV): 145.000
  • Мобилна телефонија: 1,2 милиони
  • Домаќинства со комбинација на фиксни и мобилни услуги (FMC): 145.000 

Број на вработени

 

Македонски Телеком: 1.138

Deutsche Telekom AG е вклучен од

 

2000 година

Сертифицирана според

 

ISO 9001 img:2015   
ISO 14001 img:2015 
ISO 45001:2018

Повеќе информации на интернет

  www.telekom.mk

Награди и членства

Македонски Телеком ја доби наградата за Најдобра стратегија за одржлив развој за 2021 година за своите општествено одговорни практики. Оваа награда беше претставена вторпат од граѓанското здружение Конект во партнерство со Global Compact Network на Обединетите Нации во Република Сверна Македонија.

Развој на вработените

Создаваме култура во која нашите вработени може да се потпрат на фактот дека ќе бидат добро згрижени и охрабрени во нивниот понатамошен развој
Минатата година во Македонски Телеком, повторно во тешките околности на пандемијата со КОВИД-19, сите наши напори беа насочени кон тоа да ја зајакнеме довербата на нашите вработени во нас. При организирање на нашите оперативни процеси, за нас беше многу важно да ја задржиме во преден план заштитата на нашите вработени, нивните семејства, нашите клиенти и општеството како целина. Не штедевме напори да ги поддржиме нашите вработени во непречено извршување на нивните задачи во компанијата, а истовремено и да ги заштитиме.

Еден друг важен аспект беше решителноста на компанијата да овозможи дополнителни програми и платформи за личниот и професионалниот развој на нашите вработени. Тоа беше особено важна грижа со оглед на тешките околности за време на пандемијата.

Се грижиме за добросостојбата на нашите вработени
Ги презедовме сите здравствени и безбедносни мерки потребни за заштита на нашите вработени на работа за време на пандемијата со КОВИД-19. Така се придржувавме до сите релевантни безбедносни регулативи и ги зедовме предвид рестрикциите поврзани со работата од дома и ризиците вклучени во корисничката поддршка. Секаде каде што беше можно, брзо ги префрливме сите работни процеси на дигитално функционирање. На вработените кои беа изложени на поголем ризик заради контакт со клиентите им ја обезбедивме потребната заштитна опрема и совети. Нашиот координативен тим континуирано ги следеше условите за време на пандемијата и осигуруваше навремено спроведување на сите барања на здравствените власти. 

Со заедничка работа со надлежните здравствени власти, презедовме мерки за да им ја олесниме вакцинацијата на нашите вработени, што беше добро примено од нив и многу помогна да се зголеми пропорцијата на вакцинирани лица во нашата работна сила. Освен тоа, направивме технички промени во системите за климатизација во нашите комерцијални објекти. Благодарение на строгите здравствени и безбедносни барања за време на пандемијата, Македонски Телеком повторно беше успешно сертифицирана компанија според стандардите ISO 45001:2018 и ISO 14001 img:2015. За нашите напори добивме национална награда во ова поле. Во октомври 2021 година го освоивме второто место на националниот натпревар за компании со најдобри здравствени и безбедносни практики за 2021 година во категоријата на голема компанија (над 250 вработени). Исто така, ја продолживме нашата кампања за грижа за себеси минатата година за да го заштитиме менталното здравје на нашите вработени за време на пандемијата. Како дел од кампањата водена од стручни лица од Deutsche Telekom, на платформата LEX имаше понуди за посредување и психолошка поддршка. 

Развој на лидерски вештини
Благодарение на проценката на развојот за 2020 година, академијата за менаџери започна со работа на почетокот на минатата година. Ова е едногодишна програма за промовирање на професионалниот и личниот развој на менаџерите. Врз основа на утврдената стручност, се дефинираа индивидуално осмислени насоки на учење во следниве три логички развојни области: лидерство, поедноставување на нештата и стручност и вештини. Програмата опфаќа уште три други делови. Првиот дел се состои од индивидуалното учење, процес од седум чекори што започна во октомври 2021 година. Курсевите се нудат преку платформите Percipio, Coursera и HR Suite. Вториот дел се однесува на активното учество во програмите на Deutsche Telekom (Level Up и LevelUpNextGen). Третиот дел се работи за развој на процесите на учење во групи и размена на знаење. 

Промовирање процес на непрекинат развој на вработените
Во изминатата година повторно им дадовме на вработените можност за непрекинат дополнителен развој. Им понудивме програми за учење во областите на аналитика на податоци, дигитален маркетинг, развој на софтвер, корисничко доживување и вештачка интелигенција. 

Програмата „Промена на кариера“ започна во ноември минатата година. Пет вработени лица успешно го поминаа процесот на избор. Нив ги чека професионално пренасочување кон позиции на Junior Developer во полето на ИТ откако ќе завршат 14-неделна програма на практикантство за развој на софтвер. Седум други вработени беа вклучени во програмата „Talent Hub“ каде што го планираат својот развоен процес со помош на „брокерот“ за таленти и каде што ќе работат насочено кон достигнување на посакуваните позиции.

Развој на вработените
Приспособените курсеви за обука беа уште една важна пресвртница во нашата агенда за човечки ресурси. Преку 60 вработени во Македонски Телеком имаа можност да учествуваат во разни курсеви за обука од Microsoft минатата година, вклучително Microsoft Azure Administrator, развој и имплементација на решенија за Microsoft DevOps, безбедносни технологии Microsoft Azure и анализа на податоци со Microsoft Power BI. 

Вработените во центарот за обука за работа со потрошувачи успешно го завршија десетмесечниот сертифициран курс „Train the Trainer“. Колегите обучувачи во овој проект го обучија нашиот продажен персонал од продавниците. Знаењето со кое се стекнаа во обуката треба да ја зголеми продажбата, да ја зголеми инволвираноста на вработените и да го зголеми професионалното задоволство.

„Моја идеја – проект за нова компанија“

Инволвираност на вработените и промовирање на агилни работни методи
Хуманото и праведно дигитално општество е целта за иднина каде што луѓето ќе ги доживеат предностите што ги нудат напредните технологии. Каменот темелник за таквата иднина веќе се поставува и зависи од сите нас дали ќе се имплементираат поврзаните цели. За нашите вработени тоа значи да се помогне во изградбата на дигитално општество кое ги сплотува сите различни групи на население и не дозволува дополнителни пречки.  

Во првиот циклус на иницијативата „Моја идеја“ во 2019 година, проектите за заштита на животната средина и добротворните проекти беа промовирани од нашите вработени. Тоа се покажа толку успешно што одлучивме да го почнеме вториот циклус. Овој пат целта е да направиме позитивно влијание врз општеството. 

Затоа компанијата ги повика сите вработени да ги поднесат своите идеи кои цврсто веруваат во користењето на технологијата за ефективна изградба на хумано дигитално општество, штитејќи ја животната средина притоа. Се работи за концепти на дигитализација со кои може да се надмине дигиталниот јаз и да се реализира сонот за почиста средина без штетни ефекти кои предизвикуваат климатски промени.    

Компанијата промовира култура во која вработените свесно размислуваат околу потребите на општеството и така преземаат општествена и еколошка одговорност. Како дел од нашата стратегија, иницијативата „Моја идеја“ им дава на сите вработени можност да ги преземат работите во свои раце и да ги користат тековните трендови за да постигнат оптимални резултати. Одреден број на проекти од 2019 година добија високо ниво на признание и генерираа позитивна реакција низ групацијата и од нашите потрошувачи.

Концептот „Моја идеја бр. 2
Предизвикот за вработените беше: Дигитална одговорност и одржливост!
Корпоративната и дигиталната одговорност ја формираат основата за успешна деловна активност и се во сржта на нашата корпоративна стратегија. Нашата заедничка цел според тоа е да се има позитивно влијание секогаш кога работиме деловно и така да бидеме забележливи во општеството. 

Оптимални услови за развој на идеи
Централното прашање е како можеме да ги користиме дигиталните алатки за да имаат поголемо влијание врз општеството, да ја штитат животната средина да и да ја намалат дигиталната поделеност. Во тој контекст постојат две иницијативи:

  • #GoodMagenta се фокусира на препознавање на предводничките решенија за премостување на дигиталната поделеност.
  • Во рамките на #GreenMagenta, се промовираат еколошки иницијативи и решенија за заштита на животната средина и дигитална еколошка одговорност.

„Моја идеја бр. 2“ се изврши во неколку фази во изминатата година. Од поднесените идеи, компанијата ги избра тие што најдобро одговараат на своите стратешки цели.

Вклучување на вработените во заедницата: Обновливи извори на енергија за центрите за податоци

Нашите центри за податоци трошат многу струја. Како дел од стратешкиот проект „Моја идеја“, иницијативата за специјално наменетите сончеви системи дојде од тимот кој работеше на концептот за поефикасно и, според тоа, поеколошко управување со енергијата во објектите на компанијата во 2019 година.

Компанијата ја спроведе оваа идеја од тимот на вработени со инсталирање систем за сончева енергија на најголемиот центар за податоци во Скопје. Системот ги намали штетните емисии на CO2 за речиси 50.000 kg годишно. Доколку оваа количина електрична енергија би се произвела во термоцентрала, би биле потребни 2.000 дрвја за да ги апсорбираат штетните емисии на CO2 од воздухот.

Во иднина, сите центри за податоци во земјата ќе се напојуваат со електрична енергија од обновливи извори на енергија. На овој начин, Македонски Телеком ќе даде значителен придонес за намалување на емисиите на стакленички гасови и заштита на животната средина во урбаните средини.

Со помош на оваа иницијатива, Македонски Телеком ја исполнува и главната цел на Deutsche Telekom AG да постигне 90-процентно намалување на штетните емисии на CO2 до 2030 година. Инвестирањето во овој вид на проект е инвестирање во општеството како целина. 

Општествени иницијативи

Учество на вработените во општествено одговорни проекти
Технологијата за општо добро е мотото што ги обликува сите аспекти на нашите деловни активности. Имајќи го ова предвид, ги охрабруваме нашите вработени да развиваат и активно да спроведуваат проекти кои даваат практичен придонес кон некомплициран и „паметен“ дигитален начин на живот.

Проектот „Моја идеја“ на компанијата е токму тоа што го сугерира неговото име: Вработените ги доставуваат и објаснуваат своите идеи и размислувања за важните аспекти на спроведувањето на стратешките цели на компанијата. Се избираат најдобрите предлози и се поддржуваат додека не бидат целосно спроведени. Посветеноста на нашите вработени во овие општествено одговорни проекти е една од вистинските силни страни на компанијата.

Апликацијата „Skopje Zoo“ се базираше на концепт развиен како дел од иницијативата „Моја идеја“. Со апликацијата Skopje Zoo, тимот на вработени дизајнираше вистинска дигитална авантура за посета на зоолошката градина во Скопје со голема лична посветеност и се здоби со конкретно искуство за имплементација на општествено одговорни проекти. 

Со помош на апликацијата Skopje Zoo, посетителите на зоолошката градина сега може да ги купат своите билети преку интернет. Апликацијата содржи дигитални помагала за ориентација и нуди информации за различните животни во зоолошката градина кои се соодветни за детска возраст. Покрај образовниот аспект, апликацијата исто така нуди дигитална карта за насоките во зоолошката за да можат посетителите подобро да се снајдат во неа.

Во последната година апликацијата Skopje Zoo беше ажурирана со нови содржини за Дино паркот. Оваа забавна апликација поттикнува интерактивно и дигитално учење преку интересни информации за диносаурусите. Апликацијата Skopje Zoo ќе продолжи да се надградува со нови функции во иднината за да можат посетителите да имаат пристап до повеќе забавна и образовна содржина. 

Дигитална инклузија – меѓународни награди за млади иноватори

Дигитално општество за сите: Инклузивен проект за деца и млади со попреченост
Заедничката цел на премостување на дигиталниот јаз ја формира основата на партнерството помеѓу Фондацијата Телеком за Македонија и UNICEF. Целта е да се изнајдат дигитални решенија за рушење на бариерите со кои се соочуваат хендикепираните деца и млади во училиште и во секојдневниот живот. Во рамките на јавен тендер, младите беа запрашани да развијат иновативно решение за следново прашање: „Како може дигиталната технологија да придонесе кон поактивна инклузија на децата и младите во училиштата и секојдневието?“ Успешните апликанти учествуваа во работилници со поддршка од ментори од нашата компанија. Двата најдобри тимови беа избрани да учествуваат на глобалниот натпревар како претставници на Северна Македонија.

Глобална награда за eBionics
Младите иноватори за eBionics беа прогласени за победници на меѓународниот натпревар за млади на Generation Unlimited. 180 тима од 36 земји од светот учествуваат во натпреварот кој се одржа во Њујорк. Иновативното решение „Раката на Венера“ е бионичка рака испечатена со технологија за 3D-печатење и наменета за луѓе со оштетени горни екстремитети. Проектот го освои првото место во категоријата под 18 години.

Победа за „Раката на Венера“
Учениците од тимот за eBionics - Орхан Багашов, Борис Ноцески, Анамариа Илиева и Тео Китановски - беа инспирирани од нивната желба да создадат достапни решенија за луѓето со оштетени горни екстремитети за да им се олесни секојдневието. Докажаа дека технологијата за 3D-печатење може да направи клучна разлика во животот на луѓето. Нивното решение – 3D-печатената бионичка рака „Раката на Венера“ – е 30 пати поефтина од втората најскапа бионичка рака достапна на пазарот. Тоа е поради фактот дека тимот не наплаќа за испорака или работна сила, ниту пак исплаќа профит на добавувачите. „Раката на Венера“ му овозможува на секој со пристап до 3D-печатач да печати бионичка рака самостојно за само еден час со помош на упатствата објавени на веб-сајтот eBionics. Поединечните делови може да се купат од трети страни за да се склопи раката самостојно.

Помош за жртвите на природни непогоди - донирање за погодените од пожарите во 2021 година и одржување на стабилна мрежа

Откако голем број на региони во земјата беа погодени од катастрофалните шумски пожари во август 2021 година и претрпеа сериозни штети, Македонски Телеком работеше со Црвениот Крст и ги поддржа граѓаните во погодените области со донација.

Инженерите беа на терен за да ги поправат штетите врз телекомуникациската опрема предизвикани од пожарите. Таквите итни мерки загарантираа непрекината работа на мрежата и луѓето продолжија да бидат во контакт едни со други.

Бидејќи пожарите предизвикаа огромна материјална и емотивна штета за многу сограѓани, се подразбираше дека ние како општествено одговорна компанија ќе пружиме помош и стабилна мрежа во овие тешки времиња.

Поддршка за младите волонтери

Македонски Телеком ги поддржува младите кои волонтираат да се грижат за децата со рак и нивните родители. Самите тие храбри млади луѓе биле жртви на рак како деца и ја надминале болеста. Сега им помагаат на сериозно болните деца кои се во слична тешка ситуација исто како тие што биле порано.

Благодарение на искуството што самите го стекнало во борбата против оваа сериозна болест, волонтерите беа свесни во која фаза се децата и каква помош им е потребна на родителите во таа фаза. Преку размена на искуства и психолошка и логистичка поддршка во рамките на здравствениот систем, како и едноставно со поминување време со децата и нивните родители, овие млади волонтера правеа особено важен придонес секојдневно. Оваа организација ја отвори и „Куќата за родители“ минатата година за да им помогне на родителите чии деца се третираат на детската клиника со сместување.

Македонски Телеком ја поддржува оваа хуманитарна организација преку донации за да ѝ помогне во имплементирањето на проектите и мерките.

Mehr... Alle News